Објавено на:

Кремљ ги засили мерките за безбедност на Путин: „Нема врска со атентатот на Трамп“

t

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин, е зајакната, без оглед на атентатите на западните политичари, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Безбедноста сепак е зголемена од очигледни причини, без оглед на споменатите инциденти“, рече Песков, на прашањето дали ќе има промени во работните посети на Путин и дали неговата безбедност ќе биде зголемена поради случувањата во САД поврзани со обидот државен удар, атентатот на поранешниот претседател Доналд Трамп.


Тој додаде дека безбедноста на Путин е на соодветно ниво.
„Безбедноста на шефот на државата е на соодветно ниво, имајќи ја предвид, се разбира, оваа меѓународна ескалација на тензиите воопшто“, посочи портпаролот.


Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го прекина јавното обраќање на митинг во Пенсилванија во саботата поради пукање. Политичарот беше евакуиран од обезбедувањето по обидот за атентат. Трамп подоцна изјави дека бил застрелан во уво и изгубил многу крв. Американската тајна служба соопшти дека убила осомничен кој испукал неколку истрели кон бината. Во престрелката загина еден од гледачите, педесетгодишен поранешен пожарникар, а две лица се тешко повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…

Велика Британија воведе нови санкции за руските…

Велика Британија воведе нови санкции против руски…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…