МНР: Муцунски ги поништи огласите за дипломати на Османи распишани по завршување на изборите

t

Министерството за надворешни работи на 3 јуни распиша огласи за кои не е почитувана процедурата и истите се објавени, по завршувањето на изборите, односно пред формирање на новата влада. Изворите брифираат дека истите било планирано да се пополнат, исклучиво со кадри на ДУИ, пишува МКД.мк

Одлуката за поништување е донесена од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Османи неколку дена пред крај на министерската кариера распиша конкурс за дипломати во Мисијата на Македонија во ОН во Њујорк, во амбасадите во Москва, Тел Авив, Токио, Рим, Киев, во генералниот конзулат во Њу Џерси. За пониски дипломатски звања се бараат заинтересирани за во амбасадите во Лондон, Берлин, Астана, Бразилија, Осло, Варшава и во генералните конзулати во Истанбул и Минхен.

На 24 јуни беше избрана новата македонска влада, а на 28 јуни е извршено примопредавање на функцијата министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и дотогашниот министер Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…