Фицо: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до директен конфликт меѓу Алијансата и Русија
Потенцијалниот влез на Украина во Северноатлантската алијанса може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО – изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
– Ние постојано се придржуваме до еден од главните принципи на суверената словачка надворешна политика, според која членството на Украина во НАТО го загрозува мирот во целиот свет. Постојат воинствени земји од НАТО кои или воопшто не разбираат што би значело членството на Украина во Алијансата или, напротив, сакаат да предизвикаат директен конфликт меѓу НАТО и Русија, што би било почеток на третата светска војна – изјави Фицо.
Како што пренесува телевизијата ТАЗ, тој истакна дека тие земји инсистирале дека резолуцијата на самитот на НАТО ја одразува директната обврска на Алијансата да ја прифати Украина, што би било неприфатливо за Словачка.
Фицо ја поздрави и одлуката на самитот на НАТО, според која Киев може да очекува прием во Алијансата дури откако ќе ги исполни сите услови и ќе добие согласност од сите членки на Алијансата.
Самитот на НАТО се одржа во Вашингтон од 9 до 11 јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…