Цената на златото на историски максиумум и уште ќе расте?

t

Цената на златото достигна највисоко ниво во азиската трговија во средата на 2.478 долари за унца (31,1 грам), благодарение на пониските приноси на американските обврзници и покрај силниот долар.

Аналитичарите на Commonwealth Bank of Australia процениле дека до крајот на годината цената на златото би можела да ја надмине вредноста од 2.500 долари за унца, бидејќи побарувачката за злато не престанува да расте оваа година, пренесува Ројтерс.

Вредноста на златото во вторникот порасна за 1,5 отсто, а цената на августовските фјучерси на берзата во Њујорк Comex се зголеми на 2.464,5 долари за унца. Претходно во текот на денот, цената достигна историски максимум од 2.467,15 долари за унца.

Зголемувањето на цената беше поттикнато од очекувањата од коментарите на претседателот на американската централна банка Џером Пауел, кој даде дополнителен увид во монетарната политика на американската централна банка.

Претседателот на ФЕД потврди дека не е препорачливо да се намали основната каматна стапка додека не се увери дека инфлацијата се движи кон целта од два отсто. Исто така, Пауел истакна дека пазарот на труд во голема мера се вратил на нивоата пред пандемијата.

Следниот состанок на американската централна банка ќе се одржи на 30-31. Јули, а според податоците на CME Group, 85 отсто од аналитичарите веруваат дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки во септември на 5-5,25 отсто од сегашните 5,25-5,5 отсто. Очекувањата за итно намалување на каматните стапки позитивно се одразуваат на перформансите на златото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на становите во Скопје пораснаа за…

Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да…

Од следната недела значително намалување на цените…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по…

Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…

Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…

Падна цената на златото на светските берзи

Падна златото на светските берзи. Цената за унца…

Златото денес чини 126 евра за грам

Цената на златото денес на светските пазари…