Објавено на:

Цветков: Од прв ден ВМРО-ДПМНЕ бара алиби – во Буџетот има пари за сè

t

Со ребалансот на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на минималната плата, рече денеска пратеникот од СДСМ, Борче Цветков, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Според него, првично она што се гледа е дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на минималната плата, нема мерки и политики за зголемување на платите по сектори а најавува зголемување на задолжувањето.

-Тоа не е добро, стандардот на граѓаните и на работниците треба да се зголемува, а не да се загрозува. Гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ од прв ден бара алиби и се правда дека немало пари во буџетот. Има пари за се. Секако СДСМ детално ќе го анализира и ќе дадеме свои забелешки, кажа Цветков.

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување.

Ребалансот на буџетот го помина владиниот филтер, доставен до Собранието. пред пратениците треба да се најде кон крајот на месецов.

Прекројувањето на државната каса треба да овозможи пренамена на средства од 200-те до 300 милиони евра. Дел од парите ќе одат за повисоки пензии, но и за реализација на капитални инвестиции. Бројките на приходната и расходната страна на буџетот нема да се менуваат, корекција се прави кај проектираниот дефицит.

Според Владата, дел од средствата биле лошо испланирани и непотрошени и затоа ќе се алоцираат за финансирање други трошоци. во меѓувреме, новата власт договори заем од Унгарија од 500 милиони евра, пари наменети за стопанството и за проекти во општините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Потребна е политичка одговорност за инцидентот…

СДСМ повикува на одговорност, во врска со…

Нема докази дека малата Данка е убиена?…

И додека неофицијалните информации велат дека и…

(Видео) РУСИТЕ ГИ НАПУШТААТ ТЕНКОВИТЕ И БЕГААТ:…

Џими Раштон, аналитичар за безбедност и надворешна…

Црвена Младина го осудува вандализмот врз спомен…

Неидентификувани сторители ги уништиле икебаните и ја…