Објавено на:

Кремљ: Ништо добро не е направено за Русија за време на Трамп

t

За Русија ништо добро не излезе од претседателствувањето на Доналд Трамп од 2017 до 2021 година, но барем имаше дијалог меѓу Москва и Вашингтон, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во конференциска врска со новинарите одговори на изјавата на Трамп за неговиот минат работен однос со рускиот претседател Владимир Путин.

„За време на Трамп беа наметнати само повеќе ограничувања за Русија“

„Што се однесува до тоа дали (Путин и Трамп) се согласуваат или не, ништо добро не е направено за Русија под Трамп“, рече Песков.

„Напротив, беа наметнати само повеќе ограничувања (на Русија). Но, и покрај тоа, имаше дијалог. Тоа веројатно може да се смета за позитивен елемент“, додаде тој.

Песков рече и дека Русија и Путин се теми кои традиционално се појавуваат за време на изборните кампањи во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…