Уапсен е Блерим Рамадани, екс припадник на ОВК баран со потерница од Србија!

t

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, е уапсен во Македонија, врз основа на налог за апсење издаден од Србија.

„Станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово“, соопшти Министерството за правда на Косово.

Министерството за надворешни работи соопшти дека во овој случај се занимава и амбасадорот на Косово во Македонија и дека косовските властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.

„Нашиот амбасадор во Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се заложи за постапување по овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадан“, се вели понатаму во одговорот за косовските медиуми.

Од косовското МНР велат дека ќе ја информираат јавноста за натамошните случувања во врска со овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов играч може да влезе во војната:…

Војната во Јемен се заканува дополнително да…

Муцунски: Покажавме посветеност на претворањето на Коридорот…

Ми претставува чест да учествувам во денешната…

(Фото) Нови 33 мотори за полицијата

претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, присуствуваше на…

Грчката полиција со притисок врз Македонското движење…

Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…