Германија следната година планира речиси двојно да ја намали воената помош за Украина
Според нацрт-буџетот одобрен од владата, Германија следната година планира речиси за половина да ја намали воената помош за Украина, од околу осум милијарди евра на околу четири милијарди евра.
Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека финансирањето на Украина е сигурно во догледна иднина поради планот на Г7 да собере 50 милијарди долари од каматите на замрзнатите руски средства.
Германија е вториот најголем воен донатор на Украина, по САД. Во 2024 година германскиот буџет за Киев изнесуваше речиси 7,5 милијарди евра.
Планираните намалувања на помошта доаѓаат поради стравувањата во Украина и меѓу нејзините европски сојузници дека американското финансирање би можело да биде намалено или дури и запрено доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…