Давкова испраќа уште 200 војници во борба со огнената стихија – ова се деталите

t

Претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова одлучи да се ангажираат дополнителни 200 припадници на Армијата за гасење на пожарите, соопшти Канцеларијата за воени односи со јавност.

Одлуката, како што е соопштено е донесена, врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите.

„Од страна на Генералштабот е издадена наредба за ставање во состојба на подготвеност и ангажман на дополнителни 200 армиски припадници од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300“, се наведува во соопштението.

Заедно со досегашните 100 припадници, кои се ангажирани од почетокот на прогласување на кризната состојба, дополнителните сили ќе извршуваат активности на локации каде ќе има потреба и кои ќе им бидат доделени од страна на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.

Од канцеларијата велат дека ангажираните сили и ресурси координирано работат заедно со другите инволвирани субјекти, што се покажува како суштински во борбата за ставање на пожарите под контрола.

Во досегашниот период Армијата дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи и со исфрлени повеќе од 150 тони вода и активен ангажман на терен го даваат својот придонес во локализирање на пожарите. Воедно припадниците од воздухопловниот ВИНГ координираат со налетите на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчката полиција со притисок врз Македонското движење…

Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…

(Фото) Почна министерската конференција за Коридорот 8…

Почна Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена…

Мајката на Ѓоко Ристов сведочеше дека 350.00…

Во Кривичниот суд на денешното судење на…

Родителите на Дамјан бараат помош: Да бидеме…

Драги наши, родителите на Дамјан очајно бараат…

Пентагон се подготвува за нова голема војна…

Американскиот Пентагон му наложил на Централната команда…