Објавено на:

Во Украина топлотен бран и рестрикција на струја

t

Во повеќе градови во Украина денеска се забележани температури до 36 степени Целзиусови, а топлотниот бран дополнително ја загрози енергетската инфраструктура која е цел на руските напади, што доведе до прекин на електричната енергија.

Тамошната метеоролошка служба денеска во Киев и поширокото подрачје забележа 36 степени Целзиусови, а таква температура последен пат е регистрирана во 1931 година.

Температурата е висока во некои градови во централна и јужна Украина.

Поради лошата состојба на енергетската инфраструктура воведени се рестрикции за електрична енергија, а надлежните изјавија дека се работи на увоз на струја.

Во јуни, украинските власти побараа да се исклучи климатизацијата во јавните згради и да се ограничи јавното осветлување за да се намали притисокот врз електричната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…