Објавено на:

Курти за апсењето на Рамадани: Во комуникација сме со македонската Влада за да нема потчинување на српската агресивност

t

Косовскиот премиер Албин Курти изјавил дека Министерството за правда на Косово е во контакт со македонската Влада за да дознае повеќе околу апсењето на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, кој беше лишен од слобода поради српска потерница за негова екстрадиција.

„Нашето Министерство за правда е во комуникација со Владата на Македонија за да дознаеме повеќе за косовскиот државјанин кој се наоѓа таму во притвор и дека нема да дојде до потчинување на агресивноста на Србија кон Косово што се рефлектира преку потерниците за апсење за нашите граѓани“, рекол Курти на денешната прес-конференција.

Поранешниот војник на ОВК (УЧК), Бљерим Рамадани, е приведен од МВР, по потерница распишана од Србија. Веста синоќа ја потврдиле од косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора.

Рамадани е поранешен припадник на оперативната зона „Неродиме“ при ОВК.

ЛИНК до прес-конференцијата на Курти

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовската опозиција: Курти е во мисија да…

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска…

Курти: Се подготвуваме да аплицираме за членство…

Албин Курти изјави дека по аплицирањето за…

Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…

Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…

Курти: Србија не сака договор со Косово,…

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија…