МВР потврди дека на „Јажинце“ по барање на српскиот Интерпол е уапсен поранешен припадник на косовското ОВК
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ја потврди информацијата на косовското министерство за надворешни работи дека е уапсен косовски државјанин, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), врз основа на потерница издадена од Република Србија.
Од МВР соопштија дека вчера во 16 часот на граничниот премин „Јажинце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б. Р. (47) од Косово.
„На влез во државата, полициски служебеници го лишиле од слобода Б. Р. (47) од Косово затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка ‘апси‘ по барање на Интерпол Србија. Предаден е на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна посапка“, се вели во соопштението од МВР.
Според информациите на косовското министерство за надворешни работи (МНР), а како што пренесуваат косовските медиуми, уапсениот е Блерим Рамадани, поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на ОВК.
Оттаму информираат и дека со случајот е запознаен и амбасадорот на Косово во РС Македонија, која се залага за брзо ослободување на уапсениот Рамадани.
За апсењето на Рамадани реагираше и Организацијата на воени ветерани на ОВК на Урошевац, која на Фејсбук изрази загриженост и огорченост за апсењето на нивнот соборец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…