Хаос во цел свет: Откажани се летови, паднаа берзи, блокирани се компании…

t

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании ширум светот пријавиле технички проблеми поради кои тие имаат потешкотии во работењето. Имаше прекин на летовите, како и неможност за слетување на авиони од, како што се наведува, технички причини. Причината за овој хаос засега не е позната.

Централната банка на Израел соопшти дека е погодена од технички проблеми.

Индискиот SpiceJet пријави технички проблеми кои влијаат на онлајн услугите, вклучувајќи резервација на билети и регистрација на патници.

Проблеми има и на аеродромот во Единбург, бидејќи е соопштено дека чекањето за полетување е се подолго и подолго.
Ирската компанија „Рајанер“ ги предупреди патниците дека има можни проблеми во работењето.

Причината за нарушување на ИТ секторот е нејасна, но многу засегнати го поврзаа со оперативните системи за компјутери на Мајкрософт.
Компаниите како што се Jetstar и Virgin Airlines го пријавија проблемот до Microsoft.
Банките и фирмите како Телстра и Гугл исто така пријавија тешкотии.
На официјалната страница на услугата Microsoft 365 беше објавено дека „истражуваат прашање поврзано со можноста на корисниците да пристапат до нивните различни услуги и апликации“.

Лондонската берза исто така објави техничка грешка.
Телевизијата Скај Њуз објави дека има потешкотии со емитувањето на програмата.
Проблеми биле пријавени и на аеродромот во Дубаи.
Туркиш ерлајнс предупреди на глобален прекин што предизвика сериозни проблеми со резервациите на билетите и пријавувањето. Апликацијата на компанијата е во прекин, а веб-локациите исто така не работат. Причините не се откриени.

Сите аеродроми во Шпанија имаат проблеми со компјутерскиот систем што може да доведе до доцнење на летовите, според авио-операторот Aena.
Берлинскиот аеродром ги прекина летовите до 11 часот. Во овој момент авионите не можат ниту да полетуваат ниту да слетуваат, пренесува Билд.
Само неколку часа пред Австралија, неколку американски авиокомпании исто така пријавија дека морале да ги откажат или одложат летовите поради проблеми со ИТ-врските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…

Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…

Иранската гарда соопшти дека го „погодила“ американскиот…

Иранската револуционерна гарда соопшти дека го нападнала…

(Видео) Хаос на Клинички во Скопје: Заглавено…

Паркингот и сообраќајот околу клиничкиот центар „Мајка…

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза…

Израел и Хамас се согласија за првата…

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…