ХАОС: ЧЕТВОРИЦА ОХРИЃАНИ ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ – прво се тепале во кафана, па ги нападнале полицајците!
Едниот од уапсените дополнително се терети и за загрозување на безбедноста, а две лица и за напад на службено лице.
– СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.И.(26) од Охрид, В.М.(42) и Н.М.(38), двајцата од селото Лешани, општина Дебрца и Д.Н.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.
Против М.И. е поднесена и пријава за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „оштетување“, а против В.М. и Н.М. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Пријавените ги сториле кривичните дела на 11.06.2024 во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, каде што го нарушиле јавниот ред и мир со насилничко однесување, ја загрозиле сигурноста на присутните, упатиле закани кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија и оштетиле службено полициско возило – нагласуваат од СВР Охрид во соопштението испратено до јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…