Трамп му вети на Зеленски дека ќе стави крај на војната во Украина
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ја „заврши војната“ меѓу Украина и Русија, доколку победи на претседателските избори во ноември во САД.
„Како и вашиот следен претседател на САД, ќе донесам мир во светот и ќе ставам крај на војната која чинеше толку многу животи“, напиша републиканскиот претседателски кандидат на својата платформа „Truth Social“.
Трамп често тврди дека би можел многу брзо да го прекине конфликтот во Украина по враќањето на власт, но никогаш не дал детали како да се постигне тоа.
Неговите чести пофалби за рускиот претседател Владимир Путин, како и неговите критики кон другите земји-членки на НАТО, предизвикаа загриженост кај западните сојузници на Украина.
САД под администрацијата на Џозеф Бајден се убедливо најголемиот донатор на воена помош за Киев, а победата на Доналд Трамп може да ја загрози секоја идна помош и со тоа да ја ослаби позицијата на Украина на бојното поле.
Зеленски го потврди телефонскиот разговор при што му честитал на милијардерот за официјалната кандидатура за претседателски кандидат на Републиканската партија.
„Ја подвлеков виталната поддршка на двете партии (републиканската и демократската) и двата дома на Конгресот во заштитата на слободата и независноста на нашата нација“, напиша Зеленски на платформата Х и повтори дека го осудува обидот за убиство на Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…