Пожар опасно се приближува до „Јасен“!
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ М.Брод известиле за пожарот во атарот на с.Тaжево кон Борова Брезница каде што гори борова шума. Пожарот се движи кон Тажево и ако ја помине линијата, сртот меѓу Борова Брезница и реката понорница Оча, ќе преставува опасен пожар што тешко се гасне заради присуството на густа шумска вегетација, а теренот е под агол од околу 50/60 степени со голема длабочина, што освен што е непристапен за ПП сили по земја, тешко пристапен е и за ПП воздухоплови.
На терен имало во прво излегување тим од 4 вработени од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, а од утрово тој број е зголемен, на терен со уште 10 вработени и други лица (најмалку 15 луѓе) задно со директорот, а имало и едно теренско возило што било специјализирано за гаснење шумски пожари. Планирано е да интервенираат од ТППЕ Македонски Брод од ЈП „Национални шуми“ подружница Македонски Брод и се планирало да се побара да се активираат летала за гасење од воздух (Општина Македонски Брод).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…
Турист прегазил пензионер од Охрид
Возач на „Мерцедес“ од Србија вчера во…
Работник почина по пад при изведување градежни…
Утрово во 09.24 часот во СВР Охрид,…
Левица обвинува: Пецаков и Власта му дале…
Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на…
Во Охрид и Струга вонредни инспекциски контроли…
Вонредни инспекциски контроли на АХВ во туристичките…