Објавено на:

Големо невреме во Грција, громови предизвикаа нови пожари

t

Северот на Грција денеска го зафати невреме пропратено со грмежи, а удари од гром предизвикаа нови пожари.

По силното невреме, пријавени се неколку пожари во близина на градот Кожани, на околу 450 километри северно од Атина, соопштија грчките власти.

На фарма недалеку од градот Флоринa од гром загинаа девет крави, а неколку животни беа повредени.

Температурите во Грција денеска се нешто пониски, но во некои делови од земјата и понатаму се околу 40 Целзиусови степени.

Опасноста од пожари се уште е висока надвор од Атина и во поголемиот дел од Грција за време на повеќедневниот топлотен бран што зафати голем дел од јужна Европа, пренесува АП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се подготвува ли „црна листа“ на гости…

Додека туристите со години ги оценуваат хотелите,…

(Видео) Трагедија во Грција: Брачна двојка на…

Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар…

Шумски пожар се шири на грчки остров…

Грчките пожарникари и денеска, втор ден по…

Куќите ни изгореа, нашите домови ги нема…

Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде…

Дел од македонските туристи побарале помош од…

Пожарот што денеска избувна на Халкидики предизвика…