Објавено на:

СРПСКИОТ КАМОВ КА-32 СЕ ВРАТИ ДОМА: Екипажот на хеликоптерот, кој гаснеше пожари во Македонија, со благодарници слета во Србија

t

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари на отворен простор, исфрли вкупно 182 тони вода и успешно го изгаснаа пожарот кај селото Росоман, кај Радовиш пожарот го ставија под контрола, а заедно со други домашни и меѓународни екипи дејствуваа и на локации кај Ново Село, на планината Огражден и во местото Пипирево, соопшти МВР на Србија.

Во знак на благодарност, директорот на Центарот за управување со кризи при Владата на Македонија, Стојанче Ангелов, им врачи благодарница на претставниците на МВР за помошта во гаснењето на пожарот.

Помошта за Македонија е испратена врз основа на барањето на македонската Влада да обезбеди помош во гаснењето на шумскиот пожар.

Од 16 јули, припадниците на Хеликоптерската единица и Одделението за вонредни состојби учествуваа во гаснењето на пожарот со хеликоптер Камов Ка-32, со голем капацитет за вода, кој прв пат беше испратен надвор од Србија за давање помош.

Фото: МВР на Србија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…