Примив куршум за демократијата, рече Трамп пред илјадниците луѓе на митингот во Мичиген
Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија, Доналд Трамп, на митинг во Мичиген изјави дека „примил куршум за демократијата“ кога на него беше извршен обид за атентат минатата недела.
Тоа беше првиот митинг на Трамп на кој присуствуваа илјадници луѓе со потпретседателскиот кандидат Џеј Ди Венс и прв по обидот за атентат. Тој пред преполната арена во Гранд Рапидс изјави дека демократите го обвиниле дека е „закана за демократијата“ и рече дека е подготвен да се врати во Белата куќа.
Иако Трамп требаше да и се обрати на митингот во пет попладне, до еден часот редот се протегаше околу пет километри пред „Ван Дел Арена“ со капацитет за 12.000 луѓе.
Многумина од присутните на настанот во Мичиген, изјавија за Би-Би-Си дека обидот за атентат – во кој загина еден член на публиката, а двајца беа ранети – нема да ги спречи да ја покажат својата поддршка за републиканскиот претседателски кандидат, а некои велат дека дошле само поради тој настан.
За разлика од тој митинг, кој се одржа во Батлер, Пенсилванија, митингот во Гранд Рапидс беше во затворен простор, овозможувајќи му на обезбедувањето внимателно да следат кој влегува и да ги намалат потенцијалните закани.
Доналд Трамп во саботата изјави дека никој не го предупредил за проблемот пред митингот во Пенсилванија кога бил застрелан од непознат напаѓач.
Никој не го спомна…, никој не рече дека има проблем. Ќе чекав 15 минути. Можеа да кажат почекај 15, 20 минути, 5 минути, сеедно. Никој не ми кажа…Мислам дека тоа беше грешка. Како некој се качи на тој покрив? И зошто тоа не беше пријавено?, изјави Трамп во интервјуто за Фокс Њуз.
„Вашингтон пост“ во саботата објави дека највисоките претставници на американската тајна служба постојано ги одбивале барањата на обезбедувањето на Трамп за дополнителен персонал и опрема на настаните што доведоа до атентатот на 13 јули.
Агенцијата, која е одговорна за заштитата на Трамп, само повремено укажувала дека нема ресурси, објави весникот.
Портпаролот на тајната служба Ентони Гуглиелми претходно ги негираше наводите дека агенцијата ги одбила барањата на тимот на Трамп за дополнителни ресурси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…