Македонски сладолед се извезува во Србија, но и во Велика Британија – Лани легнале 15 милиони евра од извоз

t

Македонските производители на сладолед лани оствариле извоз вреден 15,1 милиони долари, покажува статистиката на „Тренд економи“. Оваа сума е за 3,73 отсто повисока во споредба со 2022 година, а плусот е повеќе од половина милион долари. Пред две години од извозот на домашниот леден десерт биле остварени 14,6 милиони долари. Извозот на македонски сладолед учествува со 0,168 отсто од вкупниот извоз од државава, кој лани тежел 8,99 милијарди долари. Најголемиот дел од производството на домашниот сладолед завршил во Србија и Велика Британија.

– Меѓу петте топ извозни дестинации на сладоледот од Македонија се Србија со учество од 27 отсто (4,12 милиони долари), Обединетото Кралство со учество од 13,4 отсто (2,04 милиони долари), Холандија со учество од 11,3 отсто (1,72 милиони долари), Босна и Херцеговина со учество од 6,61 отсто (1 милион УСД долари) и Албанија со учество од 6,26 отсто (949 илјади долари). Интересно е што иако минимално, извоз на македонски сладолед лани имало и во далечната Австралија со учество од 3,01 отсто (457 илјади долари) – покажуваат податоците на „Тренд економи“.

Од друга страна, лани во земјава бил увезен сладолед во вредност од 11,1 милиони долари, а една половина од таа сума сме ја потрошиле на полски и српски сладоледи. Лани се увезувало сладолед и од Грција, Франција, Хрватска, Турција и Словенија.

Најголем производител и извозник на македонски сладолед е битолски „Цермат“. Во Централниот регистер на Македонија се заведени околу стотина компании што меѓу другото имаат регистрирано и производство на сладолед.

Во целата ЕУ минатата година се произведени 3,2 милијарди литри сладолед или пет отсто повеќе од претходната година. Најголем производител беше Германија (620 милиони литри), потоа Франција (591 милиони литри) и Италија (571 милиони литри).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Инцидент во близина на воена база во…

Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…

Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…