Осудените за 27 април Чавков, Ченто и уште три лица пуштени на отпуст од штипскиот затвор поради здравствен зафат

t

Од штипскиот Затвор денеска се пуштени на отпуст од 30 дена петмина осуденици кои беа осудени за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, потврдија од Затворот Штип.

Оттаму потврдуваат дека од денеска со прекин на казна од 30 дена, а со потпис на директорот на Управата за извршување на санкции се лицата Јане Ченто, Александар Јаневски-Тошка, Оливер Поповски, Митко Чавков и Митко Пешев, а на 25 јули на слобода ќе излезе Душко Лазаров исто така со прекин на казна од 30 дена, а со потпис на директорот на Управата за извршување на санкции.

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, денеска на прес-конференција на новинарско прашање во врска со затворениците од Штип, меѓу кои има и осудени за „27 април“, а кои побарале да бидат пуштени поради здравствен зафат, Пандов одговори дека таквата пракса ќе ја продолжи и во иднина.

„Како в.д.директор единствено што можам е ако дојде барање од затвореник со документација дека има акутен здравствен проблем, дека мора да изврши здравствен зафат, јас немам право да го одбијам. Факт е дека во меѓувреме, од кога ја извршувам функцијата, неколку такви барања се дојдени и потпишани од моја страна, рече тој

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од…

Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера…

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…

(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети…

Осудените за 27 април Чавков, Ченто и…

Од штипскиот Затвор денеска се пуштени на…

Две активни жариша во штипскиот дел на…

Пожарникарите од рано утрово интервенираат на две…