Директорката на американската тајна служба: Неуспехот при обезбедувањето на Трамп е најголем неуспех во последните неколку децении
Неуспехот да го обезбеди поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на атентатот во Пенсилванија е најголемиот неуспех на американската тајна служба во последните неколку децении, изјави директорката на службата Кимберли Читл.
„Настаните со обидот за атентат врз Доналд Трамп на 13 јули се најзначајниот неуспех на Тајната служба во последните децении“, рече Читл на сослушување во Конгресот.
Таа нагласи дека презема целосна одговорност за постапките на нејзините подредени.
Мисијата на Тајната служба е да ги заштити лидерите на нашата нација. На 13 јули доживеавме неуспех“, призна Читл.
Според неа, пред атентатот имало информации за „сомнително лице“, но не и за опасност.
„Човекот беше идентификуван како „сомнителен“… Доколку обезбедувањето имаше информации за заканите, тој (Трамп) немаше да добие дозвола да излезе на сцената“, посочи таа.
Таа додаде дека лицето кое се обидело да го убие поранешниот претседател Трамп користело дрон на местото на настанот пред да започне пукањето.
„Оваа информација ни ја даде ФБИ“, рече таа, на прашањето дали напаѓачот на Трамп навистина користел дрон. Читл не соопшти други детали.
Одговарајќи на тврдењата на републиканците дека Тајната служба одбила да обезбеди ресурси за заштита на Трамп, таа рече дека безбедноста околу него била засилена пред пукањето.
„Нивото на безбедност на поранешниот претседател беше зголемено многу пред изборната кампања и постојано се зголемуваше како што се развиваа заканите“, рече Читл, додавајќи дека мисијата на Тајната служба не е политичка, туку буквално прашање на живот и смрт.
Денешното сведочење го означува првиот круг од истрагата на Конгресот за прекршоци во атентатот.
На 13 јули имаше обид за атентат врз претседателскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп за време на предизборен митинг во Пенсилванија. Трамп бил ранет во увото, а напаѓачот бил убиен од припадници на американската тајна служба, која е задолжена за заштита на највисоките функционери во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…