Пентагон: Русија и Кина ја интензивираат соработката на Арктикот
Во документот се наведува дека Русија и Кина ја интензивираат соработката во регионот на Арктикот, што може да влијае на регионалната стабилност.
Според Пентагон Русија повторно отвори стотици воени објекти од советска ера на Арктикот, додека Кина планира да изгради „Поларен пат на свилата“.
– Народна Република Кина и Русија сè повеќе соработуваат на Арктикот. Иако постојат значителни области на несогласување меѓу НР Кина и Русија, нивното растечко зближување во регионот е загрижувачко и (Пентагон) продолжува да ја следи оваа соработка, се посочува во документот.
Арктичките морски патеки се повеќе се користат за поврзување на големите економии низ Тихи и Атлантски Океан бидејќи глобалното затоплување ја намалува ледената покривка и овозможува подолги периоди на мориња без мраз. Кина и Русија работат заедно за да ги развијат арктичките поморски патишта додека Москва се обидува да испорача повеќе нафта и гас во Кина поради западните санкции, додека Пекинг бара алтернативни поморски патишта за да ја намали зависноста од теснецот Малака.
Во извештајот на Пентагон се додава дека Кина се обидува да користи „променлива динамика на Арктикот за да постигне поголемо влијание и пристап, да има корист од ресурсите на Арктикот и да игра поголема улога во регионалното управување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Успение на праведна Ана,…
Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува…
Метео: Сончево и топло време
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…