БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Нашата армија се соочува со исцрпени сили, низок морал, криза во регрутирањето и внатрешни ривалства
Состојбата на вооружените сили на Велика Британија, поради децениските намалувања, е многу полоша отколку што мислевме, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.
Според него во овие навистина сериозни времиња со брзо растечки глобални закани треба да се избегне вековната тактика на армијата, Кралската морнарица и Кралските воздухопловни сили кои се борат меѓусебно поради ограничените средства за поддршка на проекти.
– Мораме да бидеме способни да се бориме, а не да се бориме едни со други. Навистина сакам да видам надминување на старите ривалства, посочи Хили.
Тој додаде дека сите армиски родови се соочуваат со многу сериозни предизвици – „исцрпени сили, губење на набавките, низок морал, криза во регрутирањето и задржувањето, и ветерани кои немаат пристап до услугите што ги заслужуваат.
фото: UK Defence Journal
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…
Подготовките за создавање на суверена држава на…
Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до…
Иран најави договор со Оман за безбеден…
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…
Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…
Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…