Објавено на:

Во период од една недела Итната помош имала 11 интервенции во автобусите на ЈСП

t

Нема зборови со кои ќе се опише катастрофалната состојба со која се соочува Јавното сообраќајно претпријатије. Најмногу страдаат граѓаните кои се принудени на 40 степени да чекаат и да се молат да дојде некој автобус, а и кога ќе дојде имаат што да видат. Тој најчесто е преполн со патници кои брзаат да стигнат некаде. Внатре е преполно, и многу топло. Климата во автобусите на ЈСП е само декор, не работи и најчесто е расипана.

Патници за РСЕ сведочат на неподносливите услови во автобусите на ЈСП. Тие се жалат дека на луѓето им се слошува внатре во автобусите при што некој од патниците ќе повика брза помош.

„Вака веќе не се издржува. Клима нема, термините за возниот ред не важат, не знаеш кога има, кога нема автобус. Наместо да дојдат три возила во одреден термин, доаѓа еден, и тој полн. Со месеци нѐ тормозат, а од нас плата земаат“, вели патничката Стојанка М за РСЕ.

Таа била сведок кога пред десетина дена, му се слошило на патник во преполн автобус. Откако присутните го полеале со ладна вода и не успеале да го освестат, возачот бил принуден да застане кај Триумфална капија и чекале да дојде Брза помош.

Од Итната медицинска помош за РСЕ потврдија дека во изминатите две недели, особено кога беше прогласена портокалова фаза (од 12 до 18 јули) имале 11 интервенции во автобуси или на постојки. Но сметаат дека бројката е поголема, затоа што имало и помлади граѓани кои пријавиле колапс или повреда, но можеле да се движат и сами да отидат до лекар, па од итна помош им давале само совети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…