Битолчанец со месеци силувал 18-годишна девојка, ја уценувал со објава на интимни фотографии
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.
Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед.
Преку профил на социјална мрежа тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Предлогот, како што соопштија надлежните е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Обвинителството да го повика Мицкоски на…
Мицкоски од вчера молчи на повиците на…
Тешка сообраќјна несреќа во Струга
На 5-ти август 2024 година, во 22:00…
Средба Муцунски – Агелер
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Хорор: 44-годишен маж допирал по тело малоленичка!
На 05.08.2024 во 14.15 часот во Тетово,…
Во четврток и петок пороен дожд, грмежи…
Времето до крајот на денов сончево и…