Ахмети се сретна со норвешката амбасадорка, го потврди ангажманот на Пол Вилијамс за платформата за легитимитет

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети се сретна со амбасадорката на Норвешка во Северна Македонија, г-ѓа Кристин Мелсом, се вели во партиското соопштение на опозициската ДУИ.

Соговорниците разменија мислења за политичките случувања во земјата и регионот, за изборите на 8 мај, како и за постизборните случувања во Северна Македонија, евроинтеграциите, етничкиот изборен легитимитет итн. Претседателпт Ахмети ја информираше амбасадорката Мелсом за непоколебливиот став на Демократската унија за интеграција за уставните измени и евроинтеграциите преку почитување на Договорот за добрососедство, Преспанскиот и Охридскиот. Лидерот Ахмети ја истакна важноста на меѓуетничкиот легитимитет на институциите во земјата како резултат на изборниот процес и во согласност со духот на Охридскиот договор. Околностите во Северна Македонија се многу специфични и се регулирани со мировни договори, затоа секое непочитување има последици врз стабилноста и легитимноста на институциите. Г-дин Ахмети ја информираше норвешката амбасадорка за ангажирањето на експертот за право и меѓународни договори, г. Пол Вилијамс, кој е познат и како автор на Охридскиот договор, да подготви платформа за меѓуетничкиот легитимитет на централните и локалните институции врз основа на изборните резултати и духот на Охридскиот договор, истакнуваат од опзициската партија.

Во спротивно, причината за учество во изборните процеси на заедниците кај нас се губи доколку нивните претставници се определуваат со диктат од поголемата заедница, како во времето на едноумие, додаваат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…