БРАВО: Македонските алпинисти го освоија највисокиот врв на Алпите!
Тетовските планинари Владимир Трпковски и Силвана Божиновска од клубот „Јелак“ се искачија на Дуфуршпиц, највисокиот врв на Алпите во Швајцарија, на надморска височина од 4.634 метри.
Со оглед на ниските температури и снег на Алпите, потфатот почнал со искачувањето на врвот Брајтхорн на 4.162 метри надморска височина поради потребата од аклиматизација.
-Главното искачување до Дуфуршпиц почнува од планинарскиот дом Монте Роса на 2.883 метри, каде се стигнува по пет часа пешачење. Од домот до врвот Дуфуршпиц има 9,5 километри, висинска разлика од 1.751 метар, со кратка делница каде се спуштавме и пак се искачивме. Нам ни беа потребни 14 часови односно искачување и спуштање од домот, до врвот и пак до домот – информираше планинарот Владимир Трпковски.
На искачувањето до врвот се соочиле со многу пукнатини во глечерот, како и потребата за користење цепин-алатка за алпинистичко искачување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИ6 проверува дали британските тајни се загрозени…
Британските разузнавачки служби истражуваат дали нивните доверливи…
Европската комисија предлага постепена интеграција на кандидатките…
Европската комисија претстави нов документ за реформирање…
Трамп најави нови информации за мистериозниот случај…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Вашингтон…
Голем пожар во втората најголема рафинерија во…
Голем пожар избувна во рафинеријата Кардон во…
САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…
Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…