Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37°C. UV индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 34°C.
Нестабилност со послаб интензитет ќе има претежно до четврток до средината на денот. Потоа ќе започне период на стабилно време. Најпрвин дневната температура преодно ќе опадне и најсвежо ќе биде во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…