ВЛЕН бара правда без политички влијанија за внуците на Али Ахмети
Владејачката партија ВЛЕН апелираше до правосудните органи да постапуваат без политички влијанија и да обезбедат правда според доказите во случајот за кривичните пријави против внуците на Али Ахмети, поврзани со концесиите за минерални суровини. Изнесувањето на ставот следува по обвинувањата дека тие биле вклучени во корупција преку семејни и политички врски.
„Законите мора да се применуваат еднакво за сите, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Враќањето на довербата во правосудниот систем е круцијално и не смее да биде предмет на дневна политика или манипулации“, изјавија од ВЛЕН.
Тие додаваат дека поврзувањето на ДУИ со корупција нанесува штета на целата албанска заедница и поттикнува потреба за итни реформи во партијата, за да може истата да функционира како конструктивна опозиција во полза на сите граѓани.
„Не сме среќни што нашата заедница се поврзува со политичко-фамилијарна корупција преку ДУИ. Време е за транспарентност и одговорност. Оваа ситуација не смее да послужи како штит за нивните дела. Нашата обврска е да гарантираме дека таквите дела се процесуирани праведно и во рамки на законот“, заклучуваат од ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…