Балон со ѓубре од Северна Кореја слета на претседателскиот комплекс во Сеул
Балон со ѓубре испратен од Северна Кореја утрово слета на претседателскиот комплекс во Сеул, Јужна Кореја.
„На територијата на претседателскиот комплекс падна ѓубре“, соопшти претседателската служба за безбедност ПСС, пренесува „Јонхап“.
Тоа е првпат канцеларијата на јужнокорејскиот лидер, која е во зоната на забранети летови, да биде погодена од балони лансирани од Пјонгјанг.
Северна Кореја испрати илјадници балони за ѓубре во Јужна Кореја од мај, како знак на протест против пропагандните летоци против Пјонгјанг испратени преку граница од јужнокорејски активисти.
„Истрагата на тимот за хемиски, биолошки и радиолошки одговор покажа дека предметите не претставуваат опасност или дека се контаминирани“, соопшти ПСС, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…