Трамп: Да бев претседател, немаше да има смртоносни напади врз Израел
Она на што сме сведоци во Израел никогаш немаше да се случи да бев претседател, изјави Доналд Трамп во врска со последниот напад што се случи на израелска територија.
Според последните информации, дванаесет лица, меѓу кои и деца, загинале во ракетен напад на фудбалското игралиште на заедницата Друзи во анектираната Голанска висорамнина, на северот на Израел.
Ова го соопштија израелските власти, обвинувајќи го за нападот либанскиот исламистички Хезболах, кој дејствува под покровителство на Иран. Сепак, Хезболах ги негираше ваквите наводи и објави дека „нема никаква врска со тоа“ и категорично ги отфрла таквите обвинувања.
„Да бев претседател на САД, никогаш немаше да се случи ваков напад. Ќе го повторам тоа што го кажав претходно, дури и нападот на 7 октомври, кога сето тоа започна, никогаш немаше да се случи“, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој повторно е во трка за претседателската позиција на САД.
Во петокот Трамп се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој најави дека Хезболах скапо ќе плати за овој ракетен напад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…