Академик Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава
Академик Владо Камбовски изрази несогласување со идејата за формирање на Албанска академија на науките и уметностите, потенцирајќи дека таква структура е невозможно да постои во една држава.
„Во една држава не може да има две национални академии. Во ниту една држава во светот не постојат две национални академии на науките и уметностите. Возможно е да се формираат, на пример, здравствени здруженија, но невозможно е да има две национални академии“, изјави академик Камбовски во разговор за ТВ 24.
Тој нагласи дека научните и уметничките институции треба да се базираат на заеднички научни и културни вредности, а не на етнички или политички припадности, што би можело да доведе до поделби и конфликти во научната заедница.
Коалицијата „Вреди“ најави започнување постапка за формирање на Албанска академија на науките и уметностите. Лидерите на „Вреди“ планираат општинско финансирање како привремено решение, додека не се донесе закон кој ќе го регулира ова прашање
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР деновиве со засилени контроли, оставете ги…
Од 5 до 11 октомври, во рамки…
СДСМ: Фон дер Лајен потврди дека нема…
СДСМ ја обвини Владата дека повторно создава…
ТРАМП СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Иран можел да…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја брани…
МВР со детали за мажот смртно прегазен…
77-годишник од велешко село е починатиот пешак…
ШЕФОТ НА ГЕРМАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Германија ризикува…
Шефот на германската Федерална разузнавачка служба БНД,…