Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат податоците на Евростат, а најзадолжените земји се на југот на континентот.
„На крајот на првиот квартал од 2024 година, односот на бруто долгот кон БДП во еврозоната беше 88,7 отсто, додека на крајот на четвртиот квартал од 2023 година беше 88,2 отсто. Во рамките на Европската унија долгот забележа и пораст од 81,5 на 82 отсто“, наведува статистичката институција на ЕУ.
Дефицитот на еврозоната или разликата помеѓу тоа колку владите трошат и собираат, од друга страна, се намали во првиот квартал на 3,2 од четири отсто од БДП.
Највисоки стапки на националниот долг во однос на БДП на крајот на првиот квартал од 2024 година забележаа Грција (159,8 отсто), Италија (137,7 отсто), Франција (110,8 отсто), Шпанија (108,9 отсто), Белгија (108,2 отсто) и Португалија (100,4 отсто), а најмала Бугарија (22,6 отсто), Естонија (23,6 отсто) и Луксембург (27,2 отсто).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…