Трагедија: Струмичанец загина во сообраќајна несреќа
На 28.07.2024 во 15:55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки.
И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев,…
Демонстранти се собраа на мирни протести пред…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
НАТО вложува милијарда евра во нова технологија:…
НАТО ја менува својата стратегија за развој…
(Видео) Василев: Јотова го помилува „Петричкиот Ескобар“
Бугарскиот пратеник Асен Василев обвини дека поради…
Трамп најави масовно истражување на нафта на…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на…