Објавено на:

Два циклони со силни бури се спуштија кон Балканот, дали ќе дојдат и до Македонија?

t

Циклон кој донесе силни ветрови и бура, се префрли низ централна Европа, кој попладнето од Алпите се спушти до Словенија и до Хрватска, и донесе грмотевици и силни бури.

Во исто време над Македонија беше топло и сончево со температури и до 40 степени во одредени градови.

Во текот на ноќта овој студен бран но во послаба форма стигна и до нашиот северен сосед Србија, во неговите северни делови, но ја загуби силата и нема да се спушти до Македонија.

Благодарение на овој циклон денеска има слаб до умерен ветер во Македонија, а истото време ќе продолжи и утре. Ново затоплување и „пеколни“ 40 степени се очекуваат кон крајот на оваа недела.

Вториот циклон е кон балтичките земји, каде што има силно невреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…

Изборите во Брвеница се и порака за…

Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…

Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…