Објавено на:

(Видео) Над 140 патници се повредени во железничка несреќа во Русија, меѓу нив и деца

t

Во вагоните имало 803 патници, а 140 патници се здобиле со полесни повреди во вид на набиеници и гребаници.

Несреќата се случила околу 12 часот и 30 минути по московско време, а возот се судрил со камион, откако возачот на камионот застанал на шините иако на раскрсницата било вклучено црвено светло.

Медиумите јавуваат дека машиновозачот веднаш почнал да кочи, но дека не можел да го избегне судирот. Осум вагони излетале од шините.

Руските железници соопштија дека судирот се случил на дел од пругата што е многу видлив и дека машиновозачот можел да ја види состојбата на пругата речиси еден километар понапред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД со глобално предупредување до своите граѓани:…

Американскиот Стејт департмент издаде Worldwide Caution –…

САД со серија безбедносни предупредувања низ Блискиот…

Во период од само неколку часа, американските…

Ле Пен и Бардела со драматична промена…

Француската десница испрати едно од своите најостри…

(Видео) Додека Европа се подготвува за војна…

Во момент кога Европа е во состојба…

Унгарија ќе им исплаќа пари за гориво…

Унгарија ќе им исплаќа по 5.000 форинти,…