(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување од позицијата директор на Затворот Скопје
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата, истакна денеска екс-директорот на Затворот Скопје, Филип Андов.
– За да те разрешат, треба да ти укажат прво на неправилноста, согласно Законот за извршување на санкции, ако не се отстрани може да те разрешат. Кај мене нема укажување на неправилност. Јас сум избран на јавен оглас кој важи до 15 август отприлика и тогаш би можеле законски да ме разрешат, истакна Андов.
– Јас и да сакам нешто да направам кога дојде во петокот директорот (Пандов), бидејќи бев на одмор, а сите ингеренции ги оставив додека ме нема на вработен во затворот, објаснува Филип Андов во врска со увидот кој се изврши во затворот „Шутка“.
– Ќе пуштам тужба за клевета, а може и кривична тужба поради поднесоците во Обвинителство, за лажно пријавување, па ќе се докажуваме на суд, нагласи Андов во денешното гостување во „Тешки муабети“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…