(Видео) Минчев: Ќе видиме дали и како би се кратела администрацијата – Балансерот е завршена работа

t

Министерството за јавна администрација ги повлече законите од собраниска процедура поднесени од претходната Влада, меѓу кои се Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавен сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, истакна денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

– Сакам да потенцирам дека освен техничкото усогласување со ЗОРОДУ повторно отвораме широка дебата со цел сите засегнати, оранизации, синдикати, експертската јавност и опозицијата да дадат свој придонес и свое мислње.

Изминатиот период оставрив пвеќе средби на граѓански и невладини организации, синдикати кои нагласија потреби од измена на законите.

Ја известувам јавноста дека вчера предло-законите се објавени на единствениот национален регистар на прописи, ЕНЕР, каде сите можат да дадат предлози и мислења по однос на предложените измени, истакна Минчев.

На прашање на Инфомакс дали има план за намалување на вработените во јавната администрација, на кој начин ќе се одвива тоа, според кои критериуми и слично, министерот истакна дека ќе почека да заврши јавната дебата, по што ќе се знае дали воопшто ќе има кратење на администрацијата и на кој начин.

Во врска со Балансерот Минчев нагласи дека тоа е завршена работа, бидејќи е законска обврска да се земе бројот на резидентно население при пресметување на процентите за вработени во администрацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот…

Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници…

Алити во Брисел истакнал дека деполитизирана и…

Министерот за администрација, Адмирим Алити, во рамки…

МИОА: Новиот закон ќе ја деполитизира администрацијата

Законот за висока раководна служба е сосема…

Негриески удри по Владата: Потрошија 820 милиони…

Барањата се едноставни, да се израмнат платите…

Дали ќе има уште еден штрајк? Владата…

Властите и ССМ го започнаа социјалниот дијалог…