Објавено на:

Трамп: Најверојатно ќе има дебата со Харис, но имам причини и да не одам

t

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека најверојатно ќе учествува на дебата со најверојатната демократска кандидатка Камала Харис, но ја остави отворена и можноста да не го стори тоа.
„Одговорот е да, веројатно ќе учествувам во дебатата, но можам и да аргументирам да не“, изјави Трамп за Фокс њуз, а пренесува порталот Хил.


Како аргумент за неучеството во дебатата изјавил дека води во анкетите, иако, како што пишува порталот, истражувањата покажуваат тесна трка меѓу Трамп и Камала Харис.
Трамп рече и дека јавноста ги знае позициите на двајцата кандидати за сите прашања.
Трамп и тогаш најверојатниот кандидат на демократите, актуелниот претседател Џо Бајден, договорија две дебати, од кои едната се одржа на 27 јуни, а втората на 10 септември.
Би требало да биде домаќин на ABC News.


Бајден се повлече од претседателската трка на почетокот на месецот, а Харис обезбеди поддршка од доволно делегати за да биде демократски кандидат.
Демократската конвенција на која ќе биде објавен официјалниот кандидат на партијата ќе се одржи од 19 до 22 август во Чикаго.
Харис претходно изјави дека е отворена за дебата со Трамп, а тој прво рече дека „апсолутно“ ќе учествува на барем една дебата со Камала Харис пред изборите.
Неговата кампања подоцна, сепак, рече дека тој нема да се согласи на дебата со Харис „додека демократите официјално не одлучат за нивниот кандидат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата

Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…

Њујорк Тајмс: Лидерите на ЕУ во паника…

Владите на ЕУ испратиле претставници во САД…

Еспер: Трамп ќе направи САД да го…

Без САД да го одржуваат, блокот „ќе…