Кремљ: Апсурдни се тврдењата дека Русија се обидува да се меша во претседателските избори на САД
Кремљ ги отфрли како апсурдни тврдењата на САД дека Русија се обидува да се меша во американските претседателски избори во ноември.
-Овие обвинувања се апсурдни. Одлучно ги отфрламе, соопшти Кремљ.
Претставници на американските разузнавачки агенции тврдат дека Русија ќе се обиде да влијае на изборите и оти Москва ангажирала компании кои би можеле да влијаат на јавното мислење.
Како се приближуваат претседателските избори во САД ќе има уште многу такви изјави, бидејќи Русија и нејзиниот претседател се важни фактори, кои и републиканците и демократите ги користат во политичката борба, особено за време на изборната кампања, истакна портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…