Објавено на:

(Фото) Царината заплени облека, пури и цигари

t

Царинските службеници спречија обиди за криумчарење на 413 парчиња облека, 100 пури, 69 штеки цигари, соопштија попладнево од Царинската управа.

Во текот на изминатата седмица, покрај заплените на 30.000 евра на граничниот премин „Богородица“, рачни часовници на Аеродромот во Скопје, 6.800 евра на граничниот премин „Табановце“ за кои веќе информиравме, царинските службеници спречија обиди за криумчарење на цигари, пури и облека, наведуваат од Царинската управа.

Шеесет и девет штеки цигари без акцизни маркички од марката „karelia“, „оme“ и „parliament aqua blue“, биле откриени на Меѓународниот аеродром – Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон.

– По завршување на чекирањето, патникот се упатил на царинска, пасошка и безбедносна контрола за излез, без да пријави и да декларира нешто. Но, при преглед на неговиот куфер, царинските службеници пронашле 69 штеки непријавени цигари без акцизни маркички. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка, појаснуваат од Царинската управа.

Сто пури од марките „cohiba“, „bolivar“, „trinidad“ и „montecristo“, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со странски регистарски таблички, на граничниот премин „Деве Баир“ на влез во државата.

– При преглед на автобусот, позади возачкото седиште, во кеси со храна и во ранец со гардероба на возачот, пронајдени се непријавените 100 пури. Стоката е задржана, а против лицето е започната соодветна постапка, пишува во соопштението.

Вкупно 413 парчиња облека – фустани, женски пантолони, маици и кошули, биле откриени на влез во државата на граничниот премин „Табановце“ при контрола на автобус со македонски регистарски таблички.

– На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот на автобусот изјавил дека нема ништо за пријавување. При царинска контрола на автобусот, во задна гума и во багажниот простор помеѓу торби и куфери на патници, замотани во најлонски кеси и торби излепени со леплива трака, била пронајдена непријавената стока, се наведува во соопштението.

Текстилните производи биле привремено задржани, а против возачот била поведена прекршочна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…