КАТАСТРОФАЛЕН ПОЖАР СЕ ЗАКАНУВА ДА ГО УНИШТИ ПЕХЧЕВО! Се бара помош од секој кој сака да помогне!
На имеил адресите на медиумте, пристигна потресна порака која доаѓа од стран ан граѓаните на Пехчево, кои бараат помош во справувањето со пожарите.
„Катастрофален пожар прети да гo уништи градот Пехчево и други населени места – повик на сите граѓани кои се во можност да се уптата кон Пехчево во обид да се спаси градот!!
Денес, на ден 30 јули 2024 година пожар со кастастрофални размери ја зафати околината на Пехчево. Во моментов загрозени се околината на градот Пехчево но и самиот град. Градоначалникот Китански информира дека во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни екипи од повеќе градови од Источниот плански регион, вклучена била и авионска поддршка, голем број на граѓани од градот Пехчево и целата Малешевија, но, како што вели, потребни се многу луѓе и ресурси за справување со огнената стихија која потпомогната од ветерот засега е надвор од контрола и прети да ги уништи убавините на Малешевијата и наелените места.
Се повикуваат сите институции, фирми и организации од Републиката и се замолуваат сите граѓани од целата држава да се упатат кон Пехчево со цел справување со огнот кој се движи кон градот. Екипите на терен не се во можност да се справат со огнените јазли кои ја зафатија целата шума околу градот и околните села.
Од терен јавуваат дека состојбата е алармана. Сите противпожарни средства, машини и материјали и секој дополнителен материјален и човечки ресурс ќе помогне во процесот на спасување на шумата, градот и околните села.
Во Домот на културата во Пехчево е формиран пунк каде се прифаќа материјална помош, а доброволци се упатуваат на критичните позиции.
Лице за контакт: Дејан Вазлиски, тел. 078 307 048“, се вели во и-меил пораката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…