Руските сили го изведоа најголемиот напад врз Киев годинава, над градот соборени 40 дронови
Руските сили во текот на ноќта го извршија најголемиот напад врз Киев годинава, а украинската противвоздушна одбрана собори повеќе од 40 беспилотни летала над главниот град, додека над цела Украина беа соборени околу 89 дронови и еден проектил.
Засега нема информации за жртви или штети, пишува Киев Индипендент.
Началникот на Воената управа на градот Киев, Серхиј Попко, најави дека ова е еден од најзначајните напади од почетокот на инвазијата и дека руските сили се обидуваат со нови тактики да го погодат главниот град на Украина.
„Агресорот пробува нова тактика – бара вистинско време, методи и средства да го погоди Киев“, напиша Попко на Телеграм.
Истовремено, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта во шест руски региони биле соборени 19 украински беспилотни летала, што е окарактеризирано како обид за терористички напад.
„Дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 11 беспилотни авиони над Белгород, четири над Брјанск и по еден беспилотен авион над Курск, Калушка, Ростовска област и Република Крим“, се вели во соопштението. Министерството додаде дека е уништена и ракетата Нептун-МД над регионот Курск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…