Тигрите уапсија криминалец од Страчинци – пронајдена е дрога
Во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар го лишија од слобода Т.Ф.(33) од с.Страчинци, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор.
Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин.
После тоа, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде е спроведено во Казнено– поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…
Приведен стружанец за инцидент на прославата за…
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во…
Македонец со грчка потерница уапсен на српската…
Припадници на Министерството за внатрешни работи во…
Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица…
Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и…
Македонец уапсен во Црна Гора по потерница…
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен…