На пожарникари кои бегале од пожарот, им се превртело возилото: Херојот Никола го спасил колегата

t

Пожарникари, кои со денови се борат со огнената стихија што гори на подрачјето на Свети Николе, за малку ќе настрадале бегајќи од пожарот, откако нивното возило се превртело.

Несреќата се случила кај селото Орел, а само поради чиста среќа никој не е повреден.

„Откако ги евакуиравме старите лица од селото, ги браневме куќите од пожарот. Но огнот се прошири толку многу што не можевме ништо да направиме. Во еден момент огнот дојде толку блиску до нас, што моравме да се повлечеме. Беше јасно дека ќе изгоревме ако останевме, бидејќи огнот проголта сè пред него. Влеговме во камионот за да не упаднеме во огнениот круг. Патот беше лош, по што нашиот камион се преврте“, изјавил Ѓорѓи Вчков, еден од повредените пожарникари.

Тој истакнал дека неговиот помлад колега Никола Сакалиев успеал да ја скрши шофершајбната и да го извлече.

„Пожарникари дојдоа од другите градови за да ни помогнат. Повикаа брза помош, која не однесе во болница. Мене ме задржаа во текот на ноќта, па ме пуштија на домашно лекување“, изјавил пожарникарот за МИА, кој се здобил со повреди на главата, раката, ногата и ребрата.

Пожарникарот Никола се здобил со повреди на ногата.

Со денови беснеат пожари во Македонија. Ѓорѓи бил ангажиран на подрачјето на Свети Николе и Куманово, додека неговиот колега се борел со огнената стихија кај Неготино и Росоман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На пожарникари кои бегале од пожарот, им…

Пожарникари, кои со денови се борат со…

Повредени тројца пожарникари при гаснење пожари

Тројца пожарникари завршиле во болница при вчерашните…

(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…

Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…

Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров

Пожарот кој се случи во станбената зграда…

Прилепските пожарникари спасија куче коешто било потиснато…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…