Објавено на:

(Видео) Додека Владата слави храбрите пилоти неуморно работат – Гори близу Косел се црпи вода од Охридското езеро за гаснење на пожарите

t

На несекојдневна глетка беа сведоци посетителите на плажата Грин Спејс во Охрид денеска откако неколку авиони канадери црпеа вода од Охридското езеро за гаснење на пожар кој гореше во близина.

Предмалку избил пожар и во Охрид во атарот на селото Косел,којшто има опасност да влезе во борова шума, поради што ЦУК таму пренасочиле еден хелихоптер, а најверојатно и Канадерите сега ќе помагаат со цел спречување на поголема штета и трагедија.

За жал дури и денеска на Илинден, на територијата беснеат девет пожари на отворено и шумски пожари, кажа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов попладнево.

Еден од најтешките пожари е на Осоговските планини, којшто беснее на територијата на Општина Пробиштип, во атарот на селото Зеленград. Овој пожар се одвива на исклучително недостапен терен.

„Овој пожар се одвива на исклучително тешко пристапен терен и повеќе денови ни задава главоболка, иако дејствувавме во повеќе наврати во воздухоплови, дејствувавме и од земја. Денеска одлучивме да го нападнеме со концентриран број на хелихоптери. Во текот на утрово, но и во остатокот на денот овде ќе делуваме ос осум хелихоптери – 3 македонски (2 армиски и 1 полициски), 1 српски, 2 унгарски, 1 словенечки и 1 чешки“, кажа Ангелов.

И додека Републиката е во пламен, премиерот Христијан Мицкоски уште од вчера е во Крушево каде го празнува и слави најголемиот македонски празник Илинден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…