Таравари: Претседателката Османи заслужува апсолутна почит
Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, албанската коалиција во Владата на Македонија, попладнево реагираше по инцидентот со претседателката на Косово, Вјоса Османи на скопскиот аеродром.
Таравари бара да не се злоупотребува случајот со претседателот Османи.
„Не го злоупотребувајте случајот со претседателката Вјоса Османи, надлежните нека го расветлат случајот и без сомнение да одговараат за сите неправилности. Претседателот Османи е витез на мирот и стабилноста, знаејќи ја нејзината природа, убеден сум дека таа никогаш и никогаш не би сакала да предизвикува непотребни тензии“, вели Таравари.
Таравари понатаму пишува дека претседателот Османи заслужува апсолутна почит, бидејќи таа е една од ретките жени кои ја извршуваат оваа функција, достоинствено и умешно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…