Амбасадорот Гир и Ангелов утрово ги посетија пилотите – директно на писта се запознаа со ПП активностите
Денеска, (03.08.2024 година), амбасадорот на ЕУ во Р.С. Македонија Н.Е. Дејвид Гир учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности. Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги угаснат пожарите што земаа замав во нашата држава.
Амбасадорот Гир и директорот на ЦУК Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перфомансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со нивните цели предвидени за денес.
Директорот Ангелов се заблагодари на Амбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита и неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили за одбрана од разбеснетата огнена стихија.
Потоа Ангелов ги посети пилотите на авионите на ДЗС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските акции во плус, нафтата „брент“ 101…
Европските акции денеска главно се во пораст,…
Откриено богато војничко погребување на архајската некропола…
Богато војничко погребување со штит, шлем, копја,…
307 илјади станови празни, а цената на…
Во Македонија има доволно станови за парадоксот…
Цената на нафтата се спушта, еврото падна
Цените на нафтата паднаа бидејќи податоците покажуваат…
На денешен ден, пред 19 години: Тоше…
На денешен ден, пред 19 години, својот…