Поранешниот американски претседател Картер: Сакам само да го дочекам 100. роденден и да гласам за Камала Харис!
Поранешниот американски претседател, демократот Џими Картер, кој на 1 октомври треба да наполни 100 години, изрази надеж дека ќе живее доволно долго за да гласа за Камала Харис на претседателските избори во ноември.
Картер, кој е на домашна палијативна нега од февруари 2023 година, изјавил дека сака да го дочека својот 100-ти роденден.
Само се обидувам да издржам за да можам да гласам за Камала Харис, рекол Картер, според неговиот внук Џејсон.
Внукот тврди дека во последните денови Картер бил „пожив и позаинтересиран за политиката и за војната во Газа“.
Поранешниот лидер на демократите, кој „живееше“ во Белата куќа од 1977 до 1981 година, е најстариот жив американски претседател.
Камала Харис е убедена дека ќе биде кандидат на демократите на претседателските избори, по одлуката на актуелниот претседател Џозеф Бајден да се повлече од изборната трка.